| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на СДСМ му вртат грб на Заев – се враќаат во Собрание

Zoran-Zaev-5Жестока дебата меѓу дел од пратениците во оставка и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се одвивала синоќа на партискиот состанок меѓу пратеничката група и Извршниот одбор на СДСМ, информираат за „24 Вести“ извори од синоќешната средба.

Дел од пратениците, кои сè погласно не се согласуваат со концептот на Заев, барале конкретни одговори што планира раководството,  дали СДСМ има план како да го развива бојкотот, но и за тоа што ако Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се согласат на техничка влада.

Му укажале на Заев, според информациите, дека статус квото само ѝ штети на партијата и СДСМ плаќа на терен.

Дел од пратениците директно ги обвиниле Заев и раководството дека немаат концепт и дека партијата е во безизлез.

Побарале ако првиот социјалдемократ е дециден дека единствена опција на СДСМ е бојкотот,  тогаш да го надгради и прошири – и  да поднесат оставки сите градоначалници и советници на СДСМ, вклучително и тој во Струмица.

Според партиски извори, Заев ги убедувал пратениците дека СДСМ мора да опстои на бојкотот и дека, како што рекол, аферата што ја  имале за Груевски ќе ги сменела драстично работите.

Истите извори тврдат дека, како што велат, имало  и нервозни и високи тонови на релација Заев и дел од сопартијците, а биле искарани да не ги информираат медиумите за состанокот.

Дел од нив денеска за „24 Вести“ велат дека по синоќешниот состанок речиси решиле дека ќе се вратат во Собранието.

Официјално, денеска од СДСМ негираат дека имало нервозна дебата – велат СДСМ била демократска партија во која се слушало различното мислење, но сите застанале зад одлуката за бојкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top