| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите од ИД ослободија 25 курдски ученици во Сирија

ид

Сунитската џихадистичка група „Исламска држава“ (ИД) денеска ослободи 25 курдски ученици, кои беа грабнати уште во мај во северна Сирија, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на активисти.

Пред пет месеца ИД киднапира вкупно 153 деца. Денеска таа ги ослободи последните заложници од оваа голема група, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Децата, од кои поголемиот дел се на возраст меѓу 13 и 15 години, беа грабанти на враќање кон нивниот роден град Кобане, откако ги положиле  испитите во Алепо. Пет од нив успеаја да избегаат, а џихадистите на крајот постепено ги ослободија и преостанатите деца од групата.

ИД ги ослободи децата во екот на жестоките борби за Кобане, кои продолжува да ги води со курдските сили, кои имаат поддршка од воздух од меѓународната коалиција предводена од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top