– Повеќето од случаите се во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Бројот на починатите од смртоносниот вирус веќе е над 5.000 лица, а во Либерија е регистрирано намалување на заразени случаи – истакна заменик генералниот директор на СЗО, Брус Ајлворд.
Истовремено, поранешните генерални секретари на НАТО, Јап де Хоп Шефер и лордот Џорџ Робертсон ја повикаа Алијансата да се приклучи кон напорите за борба против епидемијата, наведувајќи ги оригиналните можности и средства до кои таа има пристап, но и логистичката поддршка од море и воздух, искуството во областа на заштитата од билошки закани и при координирање на меѓународни операции.
Според СЗО, првиот случај на ебола бил во гвинејското село Мелианду, а првата жртва од оваа болест е двегодишниот Емил Вамундо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.