Вчерашната средба меѓу лидерите на НСДП и ЛДП Петковски и Жерновски кај сериозен дел од јавноста но и кај социјалдемократите се толкува како порака до СДСМ и особено лидерот Заев дека тие немаат капацитет да бидат лидери на здружената опозиција.
Пораките од средбата која што не беше одржана далеку од очите на јавноста како што тоа се правеше предходно туку по неа имаше и официјална изјава покажува дека Петковски и Жерновски не ја кријат средбата и дека сакаат да се знае дека работат на окрупнување на опозицијата а во договорите не учествува лидерот на СДСМ.
Средбата меѓу лидерите на помалите коалициони партнери на опозициониот блок не е единствениот показател дека нешто сериозно се случува во нивните редови пред се во редовите на членството на НСДП и Либералите каде што пред сите други, пратениците од овие две партии се поизразено ги искажуваат своите ставови за бојкотот на собранието.
Дел од нив веќе најавиле дека доколку дојде до верификација на оставките тогаш од своите функции ќе треба да се откажат и сите советници и градоначалници на опозицијата. Оваа порака пред се се однесува на лидерот на СДСМ Заев кој што предходно до последни сили се бореше да биде кандидиран за градоначалник на Струмица а сега останува на својата функција на локално ниво додека на национално инсистира на бојкот.
Средбата Петковски – Жерновски доаѓа по информациите на дел од медиумите контролирани од СДСМ според кои во опозицијата се размислува за нови начини на делување но и на нови политички форми кои што би имале какви такви шанси да се спротивстават на власта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.