Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го потврди вчерашниот напад врз Владата. Според неа два проектила завршиле во фасадата на владината зграда, во југоисточниот дел. Никој не е повреден, а од безбедносни причини не сакаше да зборува кој бил во Владата во тој момент и дали се оддржувала седница на Влада.
– Проектилите се пратени на вештачење. По ова ќе се знае од каде и со што е стрелано кон владината зграда. МВР ги презема сте мерки за пронаоѓање на сторителите, по што ќе се знаат и мотивите – вели министерката Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.