Менаџерот на „сините“ од Лондон, Жозе Мурињо, на многумина им изгледа како арогантен човек, но во овој врвен тренер се кријат многу човечки особини кои остануваат во сенка на маската која ја носи покрај аут-линијата.
Приказните за „препотентниот“ тренер се многу и не треба да се повторуваат. Тој не избира средства за да дојде до успех бидејќи признава само резултат и перфекција.
Сцената која е видена пред почетокот на синоќешниот натпревар од Лига купот во Англија меѓу Шревсбери и Челси покажува дека се работи за човек од крв и од месо.
Единаесетгодишниот Лојд Бартон, на кого му е дијагностициран тумур на мозокот во мај, е голем фан на Жозе Мурињо. Тој е врзан за инвалидска количка, но успеа да наслика портрет од Португалецот кој го донесе синоќа на стадионот.
Специјалниот со голема радост се потпиша на портретот и се фотографираше со малиот Лојд со порака за брзо оздравување од тешката болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.