Американскиот интернационалец Дион Диксон ќе пристигне на проба во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје и ако се наметне кај стручниот штаб ќе потпише договор со составот од Аеродром. Диксон игра на позицијата бек и доаѓа од либанскиот Хоменетм.
По настапите во САД, Диксон играше и во Европа во кипарскиот тим АЕК Ларнака.Се очекува 190 сантиметри високиот Американец да дебитира за МЗТ Скопје во недела на мечот од Јадранската лига против Цедевита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.