В четврток, на 30 октомври во Салон 19.19 ќе се одржи промоција на поетската книгата „Низ темјанот еден лилјан“ од Сузана В. Спасовска, во издание на „Антолог“ од Скопје. Оваа книга доаѓа после пауза од речиси една деценија во творештвото на Спасовска.
Воведна реч ќе одржи д-р Светлана Камџијаш, а стихови од книгата ќе интерпретира реномираната македонска актерка Арна Шијак.
– Од светлината како основна космичка и онтолошка супстанција и симбол се извлечени сите основни деривати, метафорички, поетско-философски и идејни поими во оваа поезија, а тоа се: Љубовта, Жената, Бог, Детето, Телото – вели Ефтим Клетников во рецензијата кон оваа книга.
Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега објавила три стихозбирки – И љубов и заговор (1996, Македонска книга), Смртно писмо (2004, Блесок) и Божествена жена (2006, Темплум), а Смртно писмо е објавена и како е-книга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.