| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најбогатиот Кинез

dzek ma

Основачот на „Алибаба“, кинеската компанија за трговија преку интернет, Џек Ма, е најбогатиот човек во Кина со богатство вредно речиси 20 милијарди долари.

Според годишната листа на „Форбс“, бројот на милјардерите во Кина пораснал на 242 во споредба со минатата година кога биле 168 милјардери.

Откако неговата компанија остварила рекордна заработувачка од иницијативната јавна понуда (ИПО) акции на Њујоркшката берза во септември, богатството на Џек Ма е зголемено на 19,5 милијарди долари, во споредба со минатата година кога било 7,1 милијарди долари.

Компанијата „Алибаба“ е основана пред 15 години со капитал од 60.000 долари, износ кој го собрал  со своите пријатели, а нејзината вредност денес се проценува наоколу 240 милијарди долари.

Џек Ма бил поранешен професор по англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top