| четврток, 6 декември 2018 |

Со лажен идентитет сакал да и ги украде парите на невестата

свадба

Измамник од северна Кина си нашол свршеница и внимателно ја „обработувал” за да и земе 150.000 евра како чеиз, се дури невестата пред самиот олтар не ги открила неговите скриени намери.

„Младоженецот“ познат само како Ванг (20), вложил огромен труд и време да исконструира лажен идентитет, но и лажен живот, а сето тоа кулминирало со ангажирањето на 200 непознати луѓе како сватови. Целта секако, била богатството на семејството на невестата.

Планот му пропаднал откако полицијата упаднала на свадбата, па сватовите почнале да признаваат дека Ванг им платил по 10 евра за да глумат дека му се роднини.

Девојката не се посомневала во својот избраник се додека не сфатила дека неговите родители не се присутни на свадбата. Тогаш почнала панично да ги испрашува гостите, па на крај повикала полиција и така измамата завршила неуспешно.

Подоцна е утврдено дека меѓу законите кои Ванг ги прекршил, е и оној кој вели дека младоженецот мора да има навршено 22 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top