| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона ѝ рече „не“ на дрогата

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона реши да тргне во борба со дрогата. Марадона, кој беше зависник од кокаин и под дејство на дрога направи многу скандали, своето искуство сака да го сподели со јавноста.

– Можам да зборувам од сопствено искуство, што е многу важно. Бев зависник и сакам на сите да им кажам дека дрогата е пекол низ кој не сакам никој да поминува. Користењето наркотични средства во светот на фудбалот зема сè поголем замав, а тоа мора да престане. Спортот мора да се врати на неговите корени – рече еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top