Српскиот претседател Томислав Николиќ утре нема да учествува на церемонијата во Белгија по повод стогодишнината од Првата светска војна, како што беше планирано, поради тоа што на собирот ќе бидат истакнати и државните симболи на Косово.
Прес-службата на Кабинетот на српскиот претседател соопшти дека Николиќ се откажал од патувањето во Белгија, откако од организаторите добил информација дека на церемонијата ќе биде подигнато и знамето на Косово.
Во соопштението се нагласува дека српскиот претседател присуствувал на одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна на 4 август во Лиеж, каде беа истаканти знамињата на сите земји победнички во војната, но без знамето на Косово.
Прес-службата во соопштението нагласува дека „албанското малцинство на Косово не одиграло никаква улога во Првата светска војна, која би го прогласила за победник и би му овозможила да биде третирано исто како и Србија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.