| четврток, 6 декември 2018 |

Непознати сторители се закануваат со ширење на еболата во Чешка

ebola_afrika-640x400-600x375

Чешката полиција презема мерки за откривање на сторителите кои ѝ се закануваат на државата со проширување на вирусот на еболата на повеќе јавни места.

На случајот работи Одделението за борба против организираниот криминал (УООЗ) и тим од повеќе квалификувани експерти.

Сторителот или сторителите користат софистицирани комуникациски средства и полицијата засега нема никакви докази.

– Причината дека ова јавно го објавуваме е тоа дека сторителите сакаат од самиот почеток да создадат паника и тоа е нивната главна цел. Ќе направиме сѐ за да ја заштитиме јавноста – изјави полицискиот претставник Здењек Лаубе.

Според шефот на УООЗ, Роберт Шлахта, на сторителите за кривично дело изнуда им се заканува казна затвор до 12 години, а за предизвикување општа опасност до осум години.

Обезбедувањето на вирусот, негов транспорт и ефективно ширење на друг начин отколку преку контакт со болниот, според раководителот на Здравствената заштита на населението Владимир Валента е малку реалистична.

– Климатските и хигиенските услови во Чешка, нивото на работа на епидемиолозите и нивото на здравствените установи, во суштина го исклучуваат масовното ширење на еболата, рече Валента.

Чешка, од пред неколку денови воведе вонредни здравствени контроли на аеродромите во државата, за да се спречи ширењето на вирусот на еболата.

Патниците од меѓународните летови, ќе пополнуваат картички, а доколку слетуваат од западна Африка, ги чека здравствен преглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top