| четврток, 6 декември 2018 |

Портрет на македонскиот алпинист Јован Поповски

jovan popovski
В среда, на 29 октомври (12 часот), Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА организира портрет на македонскиот алпинист Јован Попоски, по повод 50- годишнината од неговото прво искачување на Триглав во далечната 1964 година.
Во сите овие пет децении Попоски учествуваше во македонските експедиции кои ги освоија најзначајните врвови на светот, како и во првото освојување на Монт Еверест, заедно со легендата на македонскиот алпинизам Димитар Илиевски Мурато, за што во рамките на церемонијата ќе биде прикажан и документарен филм.
На портретот специјални гости ќе бидат Горазд Росоклија од Универзитетот „Колумбија“ од Њујорк и Владимир Андреевски Пајо, кои заедно со Попоски беа дел од историската експедиција на Монт Еверест.
Свое учество ќе земат Васил Тупуркоски, претседател на Македонскиот олимписки комитет и Игор Талески, претседател на македонската алпинистичка федерација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top