Четврти ден откако на улица беше претепан истакнатиот македонски алпинист Јован Попоски, МВР сеуште работи на расчистување на случајот.
Иако неофицијално полицијата има сомненија за две лица дека го нападнале и тепале 68- годишниот Попоски, од министерството велат дека во моментот кога ќе имаат пријави за овој случај ќе ја информираат јавноста, јавува телевизија Сител.
Во меѓувреме легендарниот алпинист закрепнува од тешките телесни повреди на Клиниката за торакална хирургија.
Во средата околу полноќ во Ургентниот центар бил донесен со три скршени ребра и повреди на окото и раката. Случајот детално на социјалните мрежи со информации од очевидец го опиша академик Горазд Росоклија. Како што пишува, пред тепањето Јове седел во кафеана и со пријатели разговарал за политичката состојба од земјата, а од соседната маса две лица му дофрлиле зошто за кризата го обвинува СДСМ.
Прво го нападнале пред кафеаната, но третиот кој бил со нив и сопственикот на угостителскиот објект ги отргнале, но успеале да го стигнат кај Капиштец и да го претепаат.
И завчера вечер повторно на улица во Тафталиџе бил нападнат повозрасен маж кој се враќал од собирот пред ДИК. Кај скоспкиот Катастар го пресретнала група од 5 до 6 лица. Еден од групата кој имал „фантомка“ почнал да го удира со палка. Со повреди на главата и рацете побарал помош во ГОБ „8-ми септември“.
И овој инцидентот бил пријавен во полиција. Случаите на физичко насилство на улица преку соопштение го осудија од ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата го повикаа МВР да ги најде сторителите и нарачателите на ваквото насилство за да не се создаде атмосфера овие криминални дејствија на поединци, да ги решава улицата и самите граѓани, се вели во соопштението од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напаѓачите на Никола Саздовски се бранеа со молчење пред обвинителот
-
Скопјанец претепан со ланец и секира пред своите внуци
-
Функционер на ДУИ нападнал полицајка кај Мавровка – сакале да му го кренат џипот со пајак
-
Стружанка заработи кривична: Го нападнала сопругот со нож, го расекла на главата и челото