Тешки телесни повреди, скршен нос, скршена рака и скршени ребра заработил 67-годишниот Ј.П. кој беше претепан од лица од СДСМ поради став дека кризата треба да заврши.
Од Министерството за внатрешни работи за „Курир“ потврдуваат дека нападот на Јове е пријавен кај нив и дека му биле нанесени тешки повреди.
-На 14.12.2016 во 19 часот во Скопје на улицата „Козара“ пред угостителскиот објект „Гурман“ Ј.П. (1949) бил физички нападнат од две непознати лица, при што му биле нанесени тешки телесни повреди, скршеница на нос, рака и ребра. Укажана му е лекарска помош во Ургентниот центар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – велат од МВР.
Академикот Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата на својот профил на „Фејсбук“ објави детали за нападот на Јове, кој ги водеше сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот.
-Јове седел во „Гурман“ и разговарал за кризата во Македонија со газдата на „Гурман“ и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од „Гурман“ кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика, не мислејќи дали ќе го убијат. Подолу го пренесов текстот што ми го прати едно девојче кое присуствувало на тепањето. Било грозно. Тоа е за сега. Утре ќе зборувам со него поопширно.
ПС: Од напишаново, паметните ќе заклучат до што води создадената атмосфера во земјата. Глупавите ќе заклучат дека напишаново, а не постапките, создава немири, пишува Росоклија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи