| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за трагедијата: Алпинистот кој загина кај Демиркаписката клисура паднал од 20 метри височина

Чешки алпинист вчера загина кај Демиркаписката клисура, качувајќи се на карпа. Тој паднал од висина од околу 20 метри при што се здобил со тешки телесни повреди.

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека се случила несреќа во која загинал 71-годишниот С.П. од Дечин, Република Чешка. Несреќата била пријавена вчера околу 12 часот во полициската станица во Неготино.

Екипи од полициската станица во Неготино и од Итната медицинска помош излегле на местото на несреќата при што констатирале смрт.

Причина за падот, како што се наведува во соопштението од полиција, е сопствена грешка.

По наредба на јавниот обвинител, телото е однесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top