| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам претприемач на годината во Велика Британија

Викторија Бекам

Викторија Бекам

Успехот на Викторија Бекам во една од најпопуларните женски  групи во светот „Спајс девојки“, речиси е засенет од нејзиното претставување како деловна дама, главно благодарение на нејзината работа во модната индустрија.

Пош Спајс во моментов е на врвот на бизнис-скалата во Велика Британија, откако бизнис магазинот „Менаџмент тудеј“ ја прогласи за најуспешен претприемач во земјата за 2014 година.

Рангирањето е направено врз основа на вкупното богатство на претприемачите, бројот на отворени работни места и податоците за нивната продажба.

Модната марка на ѕвездата Викторија Бекам постигнала добивка од 30 милиони фунти минатата година, што е зголемување за 2,9 % во однос на претходните пет години. Покрај тоа, во компанијата е зголемен бројот на вработени со 3,2 % во однос на почетокот во 2008 година.

– Викторија , чие богатство се проценува на 210 милиони фунти, се претвори во исклучително талентиран претприемач во модниот бизнис, забележува „Менаџмент тудеј“.

Модната куќа на Викторија беше прогласена за дизајнерска марка на годината на церемонијата на доделување на Британските модни награди во 2011 година.

01-1

Неодамна таа присуствуваше на отворањето на својата прва продавница во лондонскиот кварт “Мејфер”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top