Атлетико Мадрид успеа да ги освои трите бода во дуелот со Хетафе, совладувајќи го со 1-0, со голот на хрватскиот репрезентативец Марио Манџикуќ.
По мешаницата во шеснаесетникот на домашната екипа во финишот од првиот дел, Манџукиќ го постигна единствениот гол на натпреварот.
Хетафе од 56. минута играше со играч помалку, Алексис по грубиот прекршок доби директен црвен картон, па им ја олесни работата на „јорганџиите“.
Екипата на Диего Симеоне сега има 20 бода и се наоѓа на петтото место, но има само два доба помалку од лидерот Барселона.
Mandzukic Goooal (0:1) Getafe vs Atletico… by livegoals1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.