Ден пред мечот од 4. коло во Лигата на шампионите кој на програмата е утре во Лисабон помеѓу Спортинг и Јувентус, тренерот на „старата дама“, Масимилиано Алегри даде интересна најава за можноста околу почетниот состав.
– Горд сум што сум дел од овој тим кој има победнички менталитет. Мечот со Спортинг ќе биде навистина тежок, тие се одлична екипа, а ние мора да се избориме за позитивен резултатат. Манџукиќ? Тој е одлична личност. Може да игра на било која позиција, дури и како стопер и играч за врска, само не како голамн. Куадрадо како десен бек? Тоа исто така е една од опциите. Даглас Коста? Во добра состојба е и многу добро напредува, па ми дава многу можности како за почетниот состав, така и за клупата, изјави Алегри.
Ако Јувентус го победи Спортинг, а Барселона не загуби на гостувањето кај Олимпијакос, клубот од Торино ќе го осигура пласманот во плеј-офот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.