| четврток, 6 декември 2018 |

Наскоро ќе биде откриен гробот на Крали Марко

Под една штала во селото Големо Коњари се наоѓа гробницата на францускиот крал Франко Трети од Дебол, денешен Демур, тврди Викторија Петреска (29) од прилепското село Долнени. Откако на сон и дошла  Богородица, таа лекува луѓе. Таа вели дека сега и служи на неа и на Бога, објави Канал 5.

Викторија Петреска вели дека по повеќегодишно искушение, одење по доктори за спас од бесоница, мачнини и неспокој, конечно мирот го добила откако на сон и дошла Богородица. Од неа побарала да појде во манастирот во Зрзе, а со нејзина помош дошла до горе спомнатите откритија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top