Обилните снежни врнежи ја изненадија Бугарија. Десетици илјади жители во земјата останаа без електрична енергија вчера, откако силни снежни врнежи зафатија голем дел од земјата.
Властите во Бургас, каде што имаше поројни врнежи од дожд, и планинското место Габрово прогласија вонредна состојба. Во поголемиот дел од земјата беше прекинат и сообраќајот на автопатите, а неколку планински превои беа целосно затворени.
Блокирано е и црноорското летувалиште Варна. Во пет бугарски југозападни региони на сила е највисок, црвен метеоаларм. Од утрово ситуацијата е нормализира, но се уште има многу населени места без струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


