Во ОУ „Страшо Пинџур” во Неготино, во организација на Агенцијата за Вработување, беше организиран Саем за вработување каде невработените и заинтересираните лица имаа шанса да се здобијат со најнови информации за понудата на пазарот за труд како и за потребните квалификации кои ги бараат компаниите.
Во полната сала со над 5000 граѓани кои го посетија саемот, беа претставени околу 39 компании од Македонија и истите активно беа вклучени во новиот начин на регрутација на талентирани кадри.
Од компаниите кои беа претставени на Саемот за вработување во Неготино, најголема понуда на отворени позиции имаше за инженерските струки, а од посетителите најголем број заинтересирани имаше од кадрите со завршено образование од општествените науки.
Директорот на Агенцијата за Вработување, Влатко Поповски, го отвори продолжението на караванот со саемот во Неготино и најави дека наскоро ќе имаат точен број на новите склучени договори од првиот саем во Скопје, а слични позитивни резултати со конкретни спецификации се очекуваат набрзо и од саемот во Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.