Жителите на Дубаи кои ќе користат јавен превоз наместо автомобил од 26 октомври до први ноември може да освојат многу вредни награди. Вкупната вредност е околу 272 илјади долари.
Оваа акција ја организира локалната Агенција за патишта и транспорт, за да го прослави Денот на јавниот превоз кој ќе одбележува на први ноември.
Меѓу наградите има и четири килограми злато, а добитникот ќе биде одреден по случаен избор.
– Со оваа иницијатива Агенцијата сака да ги охрабри граѓаните да користат јавен превоз – изјави директорот на Агенцијата Јусуф Ал Али.
Се проценува дека во Дубаи во првата половина на оваа година околу 146 милиони лица користат различни облици на јавен превоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.