| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Во осум земји има над 10.000 заразени со ебола, 4.922 веќе починале

spanija-ebola-teresa-romero-ramos-pas-izolacija-karantin-foto-rojters-1412805926-579429

Во осум земји веќе има 10.141 заразени со вирусот на ебола, а 4.922 лица веќе починале, пред два дена  покажуваа податоците на Светскаата здравствена организација (СЗО), јави ТАСС.

Најтешко се засегнати западноафриканските земји Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде жртви на овој смртоносен вирус веќе се 4.912 лица.

Надвор од осумте области во Либерија и Гвинеја, што имаат заеднички граници  со Брегот на Слоновата коска,само во две се инорфмира за потврдени или сомнителни случаи на ебола.

Податоците ги вклучуваат и случаите во Нигерија и Сенегал, каде, според СЗО, епидемијата веќе заврши, како и изолираните случаи во Шпанија, САД и еден случај во Мали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top