Нанесувањето на шминка на лицето е составен дел од утринскиот ритуал на голем број на жени низ целиот свет.
Иако повеќето жени преферираат да бидат нашминкани и во текот на викендот, познавачите тврдат дека лицето ќе ви биде благодарно доколку го одморите и ѝ овозможите на кожата да дише.
Кожата ќе ви биде благодарна. Постојаното шминкање и чистење на вашето лице од шминката остава видливи последици на површината на кожата, а викендот е совршено време за длабока хидратација.
Ќе ви биде потребно помалку време за подготвувањето за кафе со пријателите, одењето на кушување или на пазар.
Нема да бидете изложени на ризикот да оставите трага од пудрата на јаката на кошулата што планирате да ја пробате во омилената продавница.
Неспоредливото чувство на временските услови на лицето како сонце и ветер. Кога велиме голо лице, всушност, мислиме на кожа заштитена со крем со УВ-заштита.
Не мора да се грижите дали сте го избришале карминот по ручекот.
Ако сте расположени за романтичен филм со тажен крај или книга со слична содржина, нема да мора да се плашите од одлевање на маскарата од расплаканите очи.
Пред спиење не мора да трошите време за миење на шминката за да нанесете ноќна крема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


