Романската тенисерка Симона Халеп не дозволи да има сомневања за попуст кон Ана Ивановиќ и со освоен сет против српската тенисерка го освои првото место во Црвената група, и и овозможи на Серена Вилијамс да остане во игра за титулата на ВТА шампионатот.
Дуелот меѓу Романката и Ана Ивановиќ е во тек, резултатот е 1-1 во сетови, сосема доволно за Халеп да се пласира во полуфиналето на турнирот во Сингапур, а Србинката да испадне.
На Ивановиќ и одговараше победа во два сета, на Халеп и беше доволно и пораз од 0-2 со повеќе од 4 освоени игри, но сепак немаше калкулации на теренот во Сингапур.
Халеп без разлика дали ќе победи или загуби, ќе биде прва и ќе игра со Агнешка Радванска во полуфиналето, а втората двојка ќе ја сочинуваат Серена Вилијамс и Каролине Вознијачки, тенисерка што забележа три победи за прво место во Белата група. Полуфиналињата се закажани за утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



