| четврток, 6 декември 2018 |

Шакира го покажа стомачето

e6a8c7ba08f2fe4c0fdb2f20aaadf0d6

Шакира и Жерар Пике

Шакира ги израдува своите обожаватели  и го покажа своето стомаче. 37-годишната пејачка објавила фотографија на социјалните мрежи, на која позира со својот сакан  Жерар Пике. На фотографијата се гледа дека двајцата идни родители блескаат од среќа, а фудбалерот нежно ја поставил раката на стомачето на Шакира. За втората бременост на музичката ѕвезда се дозна кон крајот на јули, а малку подоцна и дека пеачката и фудбалерот ќе имаат уште едно момче. Тие веќе имаат речиси двегодишен син Милан.

shakira-pique-milan-trudna-e1405680076774

Се чини дека на Шакира, иако е во напредната бременост, не ѝ пречи да изгледа одлично.

Неодамна ѕвездата отворено проговори за својата втора бременост, споделувајќи: „Сега кога сум бремена, за прв пат во мојот живот се обидувам да не правам толку многу нешта во исто време. Поголем дел од времето сум посветенана мојот стомак, мојата бременост и мојот син Милан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top