Мајка и син од Лондон, Елизабет (79) и Мичам Ешли меѓусебно се тужат затоа што пред две години Елизабет го исфрлила својот син од дома, ги сменила бравите и не му дозволува да се врати.
Тој смета дека има право да живее во домот каде израснал и инсистира да му се дозволи да се врати.
Семејството Ешли куќата ја изнајмувале до 2001 година, кога мајката и синот одлучиле заеднички да ја купат.
Мич платил две третини од недвижноста, поради што, вели, дека мајка му нема право да го исфрли. Адвокатот на мајката тврди дека во нивниот меѓусебен договор стои дека куќата ќе биде само нејзин дом до крајот на нејзиниот живот, а по нејзината смрт синот во целост ќе ја наследи.
Одржано е тридневно сослушување и се чека одлуката на судијата, пишува „Дејли меил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле