| четврток, 6 декември 2018 |

Албанија и Србија се разбираат само за Македонија

Во втор­ни­кот сре­де Ср­би­ја, во гра­дот од ка­де што со ве­ко­ви до­а­ѓа­ат пла­но­ви за срп­ска хе­ге­мо­ни­ја врз дру­ги на­ро­ди и те­ри­то­рии, на нај­пра­кти­чен на­чин бе­ше прет­ста­ве­на те­за­та што пред две го­ди­ни, на ју­би­ле­јот 100 го­ди­ни од ос­но­ва­ње­то не­за­вис­на Ал­ба­ни­ја, ја про­мо­ви­ра то­гаш­ни­от пре­ми­ер Са­ли Бе­ри­ша. То­гаш по­ра­неш­ни­от ле­кар на Ен­вер Хо­џа во Драч ре­че де­ка Ал­бан­ци­те не се отка­жу­ва­ат од со­нот за за­ед­нич­ка др­жа­ва ко­ја тре­ба да се про­те­га на те­ри­то­рии што се­га не се дел од Ал­ба­ни­ја. Од дру­га стра­на, срп­ски­те до­ма­ќи­ни, иа­ко зна­е­ја де­ка нат­пре­ва­рот е од ви­сок ри­зик, доз­во­ли­ја пуб­ли­ка­та да вле­зе на те­рен и да те­па го­стин­ски игра­чи, по што за единс­твен ви­нов­ник ги прог­ла­си­ја го­стин­ски­те про­во­ка­то­ри. Со тоа про­дол­жи­ја да ба­ра­ат али­би за сво­ја­та хе­ге­мо­ни­ја во ко­ја ве­е­ње­то на зна­ме­то на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја е не­доз­во­ли­во во Бел­град, но за­тоа, пак, не­ма проб­лем за грч­ко­то зна­ме што ре­дов­но се вее на спорт­ски нат­пре­ва­ри со Ма­ке­до­ни­ја

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

На зна­ме­то со ма­па­та за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја што сле­та на ста­ди­о­нот ЈНА во Бел­град, а кое по кој знае кој пат ги раз­го­ре стра­сти­те во ре­ги­о­нов, има и ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­ја. Во сог­лас­ност со на­со­ки­те што се дел и од При­зрен­ска­та ли­га, а Са­ли Бе­ри­ша и Ха­шим Та­чи ги спо­ме­ну­ваа и во Скоп­је ко­га Ма­ке­до­ни­ја им доз­во­ли да го прос­ла­ват ју­би­ле­јот на ал­бан­ска­та др­жа­ва, те­ри­то­ри­ја­та на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја оп­фа­ќа ду­ри шест бал­кан­ски зем­ји.

По­крај Ал­ба­ни­ја и Ко­со­во, го­ле­мо­ал­бан­ски­от сон оп­фа­ќа по­ло­ви­на од Цр­на Го­ра, со глав­ни­от град Под­го­ри­ца, и ре­чи­си по­ло­ви­на од те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, со по­го­ле­ми­от ре­ги­он око­лу Скоп­је. Ал­бан­ци­те со­ну­ва­ат и за це­ли­от се­ве­ро­за­па­ден дел од Гр­ци­ја, од Пре­ве­за до Крф и до Ја­ни­на, ка­ко и за де­ло­ви од Ср­би­ја – Пре­ше­во, Мед­ве­ѓа, Бу­ја­но­вац, Сан­џак и Топ­ли­ца. Пред две го­ди­ни Бе­ри­ша ре­че де­ка ал­бан­ски­те зем­ји се про­сти­ра­ат од Пре­ве­за до Скоп­је и од Скоп­је до Под­го­ри­ца, што пре­диз­ви­ка се­ри­о­зен дип­ло­мат­ски ин­ци­дент, а аме­ри­кан­ски­от ам­ба­са­дор во Ти­ра­на остро ре­а­ги­ра­ше при што ги уко­ри вла­да­та на Бе­ри­ша и си­те што ра­бо­тат на ис­пол­ну­ва­ње на со­нот за го­ле­ма др­жа­ва да пре­ста­нат за­тоа што САД не­ма да доз­во­лат пре­кро­ју­ва­ње на гра­ни­ци­те по ет­нич­ки прин­цип.

Со­нот за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, кој се по­ја­ву­ва кон кра­јот на 19 век, во пер­и­о­дот од 1941 до 1943 го­ди­на и ка­пи­ту­ла­ци­ја­та на Ита­ли­ја, имал и пра­ктич­на упо­тре­ба. То­гаш нај­го­лем дел од те­ри­то­ри­и­те кои ка­ко цел си ги по­ста­ви­ла и При­зрен­ска­та ли­га би­ле под ита­ли­јан­ска оку­па­ци­ја, но ло­кал­на­та власт во нив им при­па­ѓа­ла на ал­бан­ски­те во­е­ни ли­де­ри кои би­ле во со­јуз со фа­ши­стич­ки­те си­ли. За ма­ке­дон­ски­те чи­та­те­ли не се важ­ни два­та ли­ка што беа на зна­ме­то со ма­па­та на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, Ис­ма­ил Џе­ма­ли и Иса Бо­ље­ти­ни, за нас е по­важ­но тоа што искра­та ко­ја бе­ше за­па­ле­на во Бел­град мно­гу лес­но мо­же­ше, а во ид­ни­на, за жал, ќе мо­же уште по­лес­но, да се про­ши­ри и во Ма­ке­до­ни­ја. Огром­ни­от емо­ти­вен на­бој што со се­бе го но­сат Ал­бан­ци­те и во Ма­ке­до­ни­ја е проб­лем со кој ќе мо­ра да се со­о­чат еден ден. За да из­бие се­ри­о­зен ин­ци­дент, бе­ше до­вол­но ед­на по­ли­ци­ска па­тро­ла во втор­ни­кот да за­пре ед­но од во­зи­ла­та кои, по­крај ал­бан­ски зна­ми­ња, на про­зо­рци­те или во ба­гаж­ни­ци­те и но­сеа де­ца на во­зраст од де­се­ти­на го­ди­ни. Ни­ту еден од ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци ин­те­ле­кту­ал­ци што збо­ру­ва­ат за со­жи­вот и за то­ле­ран­ци­ја, а, за жал, че­сто зна­ат и да до­ле­ат мас­ло на ог­нот, не го осу­ди чи­нот на де­мон­стра­ци­ја на го­ле­мо­ал­бан­ски идеи, кои во слу­ча­јов се на­со­че­ни и кон Ма­ке­дон­ци­те.

Kolumna111-2

 

Ал­бан­ски­от на­ци­о­на­ли­зам е од­го­вор на срп­ски­от, и обрат­но

Да се пра­ви па­ра­ле­ла ме­ѓу со­нот за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, вир­ту­ел­но ре­а­ли­зи­ран во Бел­град, и со­нот за Ср­би­ја до Ви­ро­ви­ти­ца и до Де­мир Ка­пи­ја са­мо врз ос­но­ва на пос­лед­ни­от ин­ци­дент за не­ко­го ќе би­де не­вкус­но и пре­те­ра­но. Но, факт е де­ка и Ср­би­ја сѐ уште не мо­же да ги со­крие исто­ри­ски­те со­ни­шта за кон­тро­ла на те­ри­то­рии што не се дел од се­гаш­ни­те срп­ски гра­ни­ци. Со па­дот на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ тие со­ни­шта не за­преа и ни­ко­гаш не­ма да за­прат, и за­тоа Ср­би­ја мо­ра­ше да оче­ку­ва ал­бан­ски од­го­вор на сво­јот ек­стре­мен на­ци­о­на­ли­зам, на кој сме све­до­ци пос­лед­ни­те 20 го­ди­ни. Офи­ци­ја­лен Бел­град са­мо во пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни има­ше мно­гу шан­си, и тоа во од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја, да по­ка­же де­ка со­нот за го­ле­ма Ср­би­ја е отсо­ну­ван. Санк­ци­о­ни­ра­ње­то на грч­ко­то зна­ме на спорт­ски нат­пре­ва­ри со Ма­ке­до­ни­ја и упо­тре­ба­та на кра­тен­ка­та ФИ­РОМ на те­ле­ви­зи­ски­те пре­но­си се са­мо мал дел од про­во­ка­ци­и­те со кои сѐ уште се слу­жат срп­ски­те на­ци­о­на­ли­сти, служ­би и ин­сти­ту­ции за да по­ка­жат де­ка сѐ уште жа­лат за те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Мол­кот за не­прав­да­та што ја пра­ви СПЦ врз Ма­ке­дон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква е вто­ри­от од­ли­чен при­мер пре­ку кој се гле­да де­ка во Ср­би­ја, и по­крај по­зи­тив­ни­те иск­лу­чо­ци кај ре­тки по­ли­ти­ча­ри и јав­ни лич­но­сти, сѐ уште е до­ми­нант­на стру­ја­та ко­ја жа­ли за крал­ска Ју­гос­ла­ви­ја, ка­де што срп­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја бе­ше единс­тве­на власт. За жал, ни­ту Ср­би­те ни­ту Ал­бан­ци­те не на­у­чи­ја де­ка на Бал­ка­нот се до­вол­ни 10 бу­да­ли за да пре­диз­ви­ка­ат вој­на, а мал­ку се огром­ни на­по­ри, го­ди­ни и ми­ли­јар­ди за да се из­гра­ди ма­ла до­вер­ба ме­ѓу уп­ла­ше­ни­те и фру­стри­ра­ни на­ро­ди. При­до­не­сот на Ма­ке­до­ни­ја во овој пра­вец мо­же­би не е до­во­лен за ре­ше­ние на си­те проб­ле­ми во ре­ги­о­нов, но доз­во­ла­та на ал­бан­ска­та и на срп­ска­та де­ле­га­ци­ја да ги прос­ла­ву­ва­ат сво­и­те др­жав­ни ју­би­леи на ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­ја е до­бар по­вод со­се­ди­те да раз­мис­лат де­ка ид­ни­на­та на Бал­ка­нот мо­же да би­де со­се­ма по­и­на­ква со по­зи­тив­но раз­мис­лу­ва­ње и со ви­зии што не пред­ви­ду­ва­ат крв, ин­ци­ден­ти и смрт, ту­ку со­ра­бо­тка и за­ем­но раз­би­ра­ње.

 

Фуд­ба­лот е нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот, за не­го во ми­на­то­то поч­ну­ва­ле и вој­ни. Се раз­би­ра, ни­кој не мо­же да се лу­ти за тоа што Ал­бан­ци­те прос­ла­ву­ва­ат по­бе­да или до­бар ре­зул­тат. Ду­ри и 0:0 на же­шки­от бел­град­ски те­рен ќе бе­ше од­ли­чен по­вод за ра­дост на Ал­бан­ци­те и во Скоп­је, и во Ти­ра­на, и се­ка­де ка­де што жи­ве­ат. Но, во слу­ча­јов не се ра­бо­ти за спорт­ски мо­тив, осо­бе­но што нат­пре­ва­рот не­ма­ше ре­зул­тат, во слу­ча­јов се ра­бо­ти за по­ка­жу­ва­ње си­ла, над­моќ ко­ја се ба­зи­ра на единс­тво­то и на бро­јот на си­те Ал­бан­ци во ре­ги­о­нов. Из­ви­ку­ва­ње­то „Шчип­ни­ја е мад“ или „Умре­те ка­у­ри“ по­ра­ди на­стан што се слу­чил во Бел­град кон лу­ѓе за кои зна­е­те де­ка се Ма­ке­дон­ци или де­ка не се Ал­бан­ци не мо­же да се тол­ку­ва ка­ко обич­на спорт­ска емо­ци­ја, ни­ту, пак, ка­ко мо­мент на сла­бост, ту­ку, пред сѐ, ка­ко по­сто­јан став на го­лем дел од Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја. Се раз­би­ра, во се­ко­ја на­ци­ја има лу­да­ци што би да­ле сто­ти­на ил­ја­ди жи­во­ти за да се оби­дат да ги осво­јат те­ри­то­ри­и­те што „при­род­но“ им сле­ду­ва­ат, но проб­ле­мот е што кај Ал­бан­ци­те, кои ина­ку зна­ат да во­дат де­ба­ти за мно­гу важ­ни пра­ша­ња, пра­ктич­но не­ма ју­нак што јав­но ќе ка­же де­ка шо­ви­низ­мот и ек­стрем­ни­от на­ци­о­на­ли­зам на­со­чен кон Ма­ке­дон­ци­те е по­гре­шен. Не­ма јав­на лич­ност, ни­ту ме­ѓу но­ви­на­ри­те ни­ту ме­ѓу бор­ци­те за чо­ве­ко­ви пра­ва, а уште по­мал­ку ме­ѓу по­ли­ти­ча­ри­те, што јав­но ќе се со­о­чи со тие што се за­ла­га­ат за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја соз­да­де­на во дво­рот на пр­ви­те со­се­ди. Не­до­сти­гот од таа де­ба­та е на ште­та на си­те Ал­бан­ци за­тоа што ду­ри и да не се точ­ни јав­ни­те дек­ла­ра­ции на за­пад­ни­те си­ли, пред сѐ на САД и на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, де­ка не­ма да се доз­во­ли про­ме­на на гра­ни­ци­те на Бал­ка­нот, ни­кој не тре­ба да се за­ла­жу­ва де­ка ко­ја би­ло ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци ќе го да­дат тоа за кое се бо­ре­ле на­ши­те пред­ци. По ни­ед­на це­на.

И во овој кон­текст, ако не­ко­гаш дој­де вре­ме да се ана­ли­зи­ра зо­што на ре­ги­о­нов му се слу­чи­ла ка­та­стро­фа, ќе мо­ра да се знае де­ка ни­ту Гли­го­ров ба­ра­ше ту­ѓи зем­ји, ни­ту Ива­нов го­во­ри за го­ле­ма Ма­ке­до­ни­ја, ни­ту, пак, Гру­ев­ски по­пу­ли­стич­ки со­ну­ва за со­сед­ни те­ри­то­рии. То­гаш ќе мо­ра да се знае де­ка ни­ту еден Ал­ба­нец, осо­бе­но не во Ма­ке­до­ни­ја, не го осу­ди Са­ли Бе­ри­ша, кој јас­но ја на­цр­та ма­па­та на Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја.

 

(Текст објавен во 111. број на неделникот Република, 17.10.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top