| четврток, 6 декември 2018 |

Во Неготино Саем на вработување

vrabotuvanje

Карванот на саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, денеска продолжува во Неготино. На саемот ќе се претстават 50 компании и со организација на саемите за вработување, Агенција за вработување верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на побарувачката и понудата на пазарот на труд.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенција за вработување Влатко Поповски. Дополнително, во рамки на саемот свои излагања и презентации ќе имаат дел од компаниите што учествуваат на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top