| четврток, 6 декември 2018 |

Српската војска го чуваше небото од беспилотни летала на натпреварот Партизан-Бешикташ

ometac-dronovi-veza-vojska-foto-kurir-1414128460-583959

Натпреварот меѓу Партизан и Бешикташ, кој се сметаше за високоризичен, имаше бурен почеток затоа што српската полиција барала електронски попречувач на беспилотни летала за да не се повтори инцидентот пред десетина дена. Безбедносните служби разгледувале неколку технички можности за спречување на лансирањето на летала од тој тип.

Првата опција била на стадионот да се инсталира „џемер“ апарати кои би го блокирале летот. Проблем е само што тие би ја блокирале и целата мобилна мрежа, па немало да работат ниту мобилните телефони во дострел на спречувачот. Потоа, апаратот има покриеност до 50 метри што значи дека за целиот стадион ќе требаат десетина такви, а полицијата ги нема – вели извор од безбедносните служби за српски „Блиц“.

Поради тоа, српската полиција стапила во контакт со војската од каде што зела на заем апарат за спречување.

Во примената на тој апарат постои проблеми. Тој ја спречува работата на ТЕТРА-системот, односно на полициските радио-врски. Затоа било потребно војската пред натпреварот да го приспособи уредот, за да не ја спречи работата на полицијата.

Натпреварот Партиза-Бешикташ беше прогласен за високоризичен и за обезбедување на стадионот биле ангажирани 3.500 полицајци. Екстремната навивачка група „Чарши Бешикташ“ уште пред девет дена најавила масовна посета на натпреварот со знаме на Голема Албанија, а свое присуство најавија и навивачи на Бешикташ од Косово и БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top