| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО бара засилени контроли од ебола на аеродромите

Земјите од западна Африка, кои се зафатени со епидемија од ебола, треба да ги зголемат своите напори за откривање на заразени
патници кои заминуваат од нивните аеродроми, изјавија експерти од вонредната комисија на Светската здравствена организација (СЗО).

Како што пренесуваат светските агенции, експертите го повторија својот став да не препорачуваат заеднички контроли на аеродромите во други земји, и покрај тоа што оваа мерка беше воведена во повеќе земји, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија.

Комитетот подвлече дека напорите треба да се фокусираат врз борбата со еболата во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде се заразени 9.900 лица, а приближно 4.900 веќе починаа.

– Сите земји треба да ги зголемат напорите за едукација и комуникација во борбата против поплаките, непропорционалниот страв и неумесните мерки и реакции поврзани со еболата, за болните да не стравуваат да побараат помош од здравствемите власти, соопшти СЗО.

Експертите сметаат дека не е неопходно да се забрануваат меѓународни патувања и трговијата со земјите засегнати од еболата. Тие, исто така, се против забраната за учество на спортисти или членови на делегации од Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија на меѓународни
конференции и спортски натпреварувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top