| четврток, 6 декември 2018 |

Фуснота со повод

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

На 20 ја­ну­а­ри пра­вос­лав­ни­от хри­сти­јан­ски свет го чес­тву­ва Св. Јо­ван Кр­сти­тел – еден од 12 апо­сто­ли што го кр­стил Исус Хри­стос во во­ди­те на ре­ка­та Јор­дан. Мо­јот кр­сти­тел е ве­ли­ки­от ма­ке­дон­ски по­ет Га­не То­до­ров­ски, кој да­леч­на­та 1965 го­ди­на ми го дал име­то Го­разд. Со го­лем пи­е­тет овие ре­до­ви му ги от­ста­пу­вам на мај­сто­рот на по­ет­ска­та реч и на не­го­ва­та „Фус­но­та без по­вод“, ко­ја иа­ко е об­ја­ве­на пред три де­це­нии, пле­ни со сво­ја­та ма­е­страл­ност и акту­ел­ност:

„Ги оста­вив­ме му­ску­ли­те на се­ло, ги оста­вив­ме ле­ген­ди­те, ли­ва­ди­те, ло­ши­ни­те, за­ре­ци­те, кле­тви­те, бла­гос­ло­ви­и­те, до­те­ков­ме ка­ко про­ле­тен по­рој – од­не­на­деж, за да мy ста­не­ме ква­сец на гра­дот, за да му ста­не­ме озон на гра­дот, за да му ста­не­ме фер­мент на гра­дот, за да го по­ма­ке­дон­чи­ме Скоп­је –
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, ма­ло­душ­на и ки­бар­на, кај ти е без нас алот!
До­те­ков­ме во град по вес­ни­ци, по cтpyja, пo те­ле­ви­зо­ри, пo ста­ди­о­ни, пo ки­на, пo ба­њи до­маш­ни, по чи­сти кло­зе­ти, по тро­то­а­ри, дој­дов­ме за да дрин­чи­ме се­кој пр­ви пред бла­гај­ни­те, до­те­ков­ме, до­тр­чав­ме, док­лин­кав­ме, –
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, кај ти е без нас алот!
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, град­ска и со­ци­ја­ли­стич­ка,
на­те­ма ти го се­ло­то обе­ско­зе­но, обез­лу­ѓе­но, ка­ко по чу­ма по­мо­ри­ја,
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, сo пет епи­ско­пи и ил­ја­да ико­ни ис­по­кра­де­ни,
Ој, Ма­ке­до­ни­јо со со­јуз­ни ми­ни­стри и суд­би­на на пер­и­фе­ри­ја.
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, со јо­ги ду­ше­ци, со те­ре­ни за ски­ја­ње, со пле­ну­ми, со цр­ква авто­ке­фал­на, со те­ла са­мо­у­прав­ни, со штед­ни кни­шки, со при­ват­ни зем­јо­дел­ци, со ко­ли по­лов­ни, со сме­тки де­виз­ни, со де­фи­ци­тар­но оси­гу­ру­ва­ње со пр­ви до­ма­ти во Ре­пуб­ли­ка­та, со че­ти­ри­на­е­сет ака­де­ми­ци, со без­број по­ли­ти­ча­ри, со евтин зе­лен­чук, со та­ан-ал­ва, со го­лем број дип­ло­ми и со ни­ски пла­ти, со две за­тво­ре­ни гра­ни­ци, со тре­та хи­по­крит­ска и че­твр­та за­мис­ле­на, –
Ој, Ма­ке­до­ни­јо на кон­кур­си и кон­гре­си, на два Илин­де­на и фил­мо­ви не­тит­лу­ва­ни на ма­ке­дон­ски, –
О, Ма­ке­до­ни­јо, пле­нум­ска, син­ди­кал­на, од ла­ни уште си­но­дал­на, авто­ке­фал­на, кол­ку ќе би­де пла­тен ту­ту­нот го­ди­на­ва? Кол­ку кре­дит ќе ве­тат бан­ки­те? Кол­ку ли уште при­ват­ни крч­ми ќе отво­ри­ме? Кол­ку де­ви­зи над­вор ќе де­по­ни­ра­ме?
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, со го­лем број не­пис­ме­ни, со Ака­де­ми­ја на на­у­ки­те и умет­но­сти­те, со бес­пре­кор­на гри­жа за на­род­но­сти­те, со мал ти­раж на вес­ни­ци, со мно­гу пен­зии, кол­ку на­ви­сти­на ќе би­де пла­тен ту­ту­нот?
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, кај ти се се­ла­та ми­јач­ки? Кај се По­ма­ци­те? Кај се ве­тро­саа? Кај се Егеј­ци­те? Кај се ви­то­саа?
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, рас­пос­ла­на од Уз­бе­ки­стан до Ана­до­ли­ја, Ка­на­да и Ав­стра­ли­ја, од Бал­тик до Кар­па­ти­те, до не­мај­ка­де, до глув­чи­на дуп­ка, до кан­це­ла­ри­и­те на би­ро­кра­ти­те.
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, не па­ти за Па­та­кос, мно­гу­што уште ќе до­жи­ве­е­ме!
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, пу­шти го ро­дот не­ка се рас­ту­ра не­ба­ре се­ме­то Ха­мо­во, не­ба­ре про­кол­на­ти­ци. Жи­ви­те тре­ба да жи­ве­ат, мр­тви­те ќе по­чи­ну­ваа, а без­ра­бот­ни­те ќе тра­га­ат пo ра­бо­та.
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, на­у­ми по­чит кои мр­тви­те, збе­ри ги ко­ски­те на сво­и­те за­ку­бе­ни­ци, ко­ски­те Ми­сир­ко­ви­те, ко­ски­те Це­пен­ко­ви­те, ко­ски­те Ѓор­че Пе­тро­ви­те, при­бе­ри ги во Скоп­је, покpaj Го­це­ви­те, по­крај нај­све­ти­те, и кре­ни крај нив па­мет­ник на не­ро­де­ни­от Ма­ке­до­нец –
Ој, Ма­ке­до­ни­јо, кол­ку ли уште ни тре­ба за да те до­ма­ке­дон­чи­ме!“

(објавено во 20. број на неделникот „Република“, 18.01.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top