Во СЕХА лигата Металург и Вардар со очекувани победи против Војводина и Раднички. Во Нови Сад ракометарите на Металург славеа со 25:22. До третата победа во петтиот натпревар, Металург го предводеше Лука Циндриќ кој постигна 7 голови.
Вардар СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје го совлада Раднички со 39:33. Стефан Терзиќ со 7 погодоци беше најефикасен во редовите на „црвено-црните“, за кои Филип Лазаров и Матијаж Брумен постигнаа по 6 гола. За Вардар ова беше шести триумф во седмиот одигран натпревар во СЕХА конкуренцијата.
Веќе во петок Вардар ќе игра против Татран Прешов, а ден подоцна (сабота) Металург на домашен терен ја пречекува екипата на Борац во дуел од 7-то коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


