| четврток, 6 декември 2018 |

Канада: Почина и застреланиот војник

canada shootingПочина и војникот кој беше застрелан во Отава кога непознати лица влегоа во канадскиот парламент.

Во драмата во центарот на Отава беше убиен и еден од напаѓачите. Според канадската телевизија Си-Би-Си напаѓачот бил убиен во зградата на парламентот, а полицијата е во потрага по неколкумина други вооружени лица, од кои едниот најверојатно се наоѓа на покривот од зградата. Според зборовите на очевидци од канадскиот парламент се слушнале повеќе од 30 истрели.

До денешното пукање дошло само два дена откако двајца канадски војници во Квебек прегазиле маж наклонет на џихадистите, а еден војник притоа и загинал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top