| четврток, 6 декември 2018 |

Еболата се уште коси

ebola opstaНајмалку 4 870 луѓе починаа од ебола во досега најголемата епидемија на таа смртоносна болест. Истовремено најмалку 9930 лица се заразени со вирусот, соопшти Светската здравствена организација. Во соопштението се наведува дека земјите кои епидемијата најмногу ги погодила, западноафриканските држави Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, и натаму имаат премалку болнички кревети за да ги сместат сите заболени од еболата, односно располагаат со само 25 проценти од вкупниот број на потребни легла. Покрај тоа, проблем е и тоа што немаат доволно силни ветувања од странските влади за помош во страбнски медицински тимови кои би им помогнале во лекувањето, додава СЗО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top