Еден од напаѓачите кои отворија оган во близина на Парламентот во Отава и во самиот објект, спореде канадските медиуми, бил убиен во престрелка со полицијата. Напаѓачот бил убиен во зградата на Парламентот. Полицијата е во потрага по неколкумина други вооружени лица, од кои едниот најверојатно се наоѓа на покривот од зградата, која се наоѓа во центарот на Отава. Во меѓувреме, канадската полиција соопшти дека се регистрирани истрели од огнено оружје и во трговски центар во близина на Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


