Германија, Швајцарија, Австрија и Словенија денеска се подготвуваат за справување со поплави и обилни снегови, предизвикани од ураганот Гоназло.
Германските власти соопштија дека бурата во текот на ноќта откорнала покриви од згради и го нарушила нормалното функционираење на сообраќајот во јужниот дел од земјата. Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека во германските провинции Баден-Виртемберг и Баварија железничкиот сообраќај бил во прекин на 23 линии поради паднатите дрвја на шините.
Според федералната служба за морски сообраќај, бурата може да предизвика поплави на брегот на Севeрно Море во текот на денот.
Нема информации за евентуални човечки жртви во бурата, која, исто така, ги зафати Австрија, Словенија и Швајцарија.
Во јужниот дел на швајцарските Алпи ветрот достигнаа брзина од 185 километри на час, што предизвика сообраќајни несреќи и затворање на патиштата.
Приближно 30.000 австриски домови неколку часа беа без електрична енергија во провинцијата Тирол.
Метеоролозите во Австрија предвидуваат до петок на планините да падне снег околу еден метар.
Во главниот град на Словенија, Љубљана, e објавена црвена тревога поради обилни дождови и поплави.
Метеоролозите по синоќешното невреме најавија стабилизирање на времето. Во централниот дел на Словенија наврна од 100 до 200 литри на квадратен метар. Поради дождот, патиштата кон центарот на Љубљана се затворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.