Силната бура позната по името „Ананас Експрес”, го погодила северот на Калифорнија и донела обилни врнежи.
Националниот парк Јосемити е затворен, а бурата се заканува да предизвика одрони во сојузната американска држава, која претрпела страшни последици од пожарот мината есен.
Бурата би можела да претставува и прв тест за делумно поправениот дел од најголемата брана во САД, која за малку ќе се урнела минатата година.
Поради поплавите затворени се некои патишта, а на меѓународниот аеродром во Сан Франциско откажани биле околу 150 летови, додека останатите летови биле одложени на еден час или повеќе.
Во меѓувреме, властите внимаваат на езерото Оровил, каде бурата би можела да претставува прв тест за големата брана, која е уништена минатата година. Властите наведуваат дека можеби ќе употребат преливник доколку нивото на водата достигне 253 метри. Водата моментално е на ниво од околу 241 метар.
Како што било претходно најавено, на планините во регионот Санта Круз би можело да падне голема количина на дожд, поради што метеоролозите предупредуваат на поплави, свлечишта и одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.