| четврток, 6 декември 2018 |

Тужба од 250 милиони долари против „Симпсонови“

Мет Грунинг, „таткото“ на семејството „Симпсонови“, и останатите симпатични ликови, е мета на тужба вредна 250 милиони долари, која ја поднел глумецот Френк Сиверо.

Тој во филмот „Добри момчиња“ од деведесетите ја одиграл улогата на  Френк Карбон и тврди додека се подготвувал за улогата, живеел во истата зграда каде што живеел и Грунинг. Сиверо тврди дека ликот на мафијашот Луи во серијата „Симпсонови“ е заснован врз него.

simpsonovi lui

Цртаниот лик Луи (лево) за првпат се појавува во серијата во 1991 година и оттогаш сè почесто се појавува покрај ликот дебелиот Тони, а Сиверо изјавува дека од продуцентот не добил ниту цент.

Во тужбата глумецот наведува дека продуцентите продолжувале и понатаму да го користат ликот и името без финансиски надомест и во тужбата од нив бара неверојатни 250 милиони долари.

Тој, исто така, во тужбата навел дека авторот на серијата честопати разговарал со него, тврдејќи дека планира да смини филм во кој би му дал главна улога, а сето тоа всушност го правел за да го проучи и да го нацрта во серијата.

Продукциската куќа сè уште се нема огласено по повод тужбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top