| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс „збришана“ од Симона Халеп

На ВТА шампионатот во Сингапур, завршниот турнир во сезоната, во второто коло во црвената група се сретнаа првиот светски рекет Серена Вилијамс и Романката Симона Халеп. Младата романска тенисерка буквално ја „збриша“ Вилијамс со 2-0 (6-0,6-2) во сетови. Доминацијата на Халеп започна од првиот гем на првиот сет и со три брејка ја остави противничката на нула.
Во Вториот сет Вилијамс успеа да освои само два свои сервиси и заслужено и честиташе на Халеп. Вилијамс мечот го заврши со дури 36 неизнудени грешки и седум двојни сервис грешки.
Со оваа победа Халеп е сигурно е прва во црвената група. Останатиот денешен меч од оваа група е меѓу Ана Ивановиќ и Еужени Бушар. Победникот од овој меч ќе остане во игра за второто место во групата кое води во полуфиналето, додека поразената ќе нема никакви шанси за пласман понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top