Генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ал Си изјави денеска дека е уверен оти епидемијата на ебола може да се сузбие за четири до шест месеци.
На регионална конференција на азиско-пацифичките земји, која се одржува во Пекинг, тој изјави дека исполнувањето на временската рамка е можно доколку постои „добра изолација“,
добар третман на случаите, кои се потврдени и добро, достоинствено и безбедно погребување на починатите.
Од ебола од избивањето на епидемијата пред десет месеци, па до денеска починаа над 4.500 лица. Најголем број од починатите се во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.