| четврток, 6 декември 2018 |

Платини: Ако ги одвоевме Србија и Албанија, тогаш требаше исто и со Грција и Македонија

Platini
Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини даде објаснување зошто Србија и Албанија не беа раздвоени за време на жрепката за квалификациите за ЕУРО 2016.

– Србија и Албанија не војуваа и според тоа не постоеше причина да бидат раздвоени, како што се на пример Азербејџан и Ерменија. Логички ако ги раздвоевме Србија и Албанија, тогаш истото требаше да го сториме и со Грција и Македонија кои исто така имаат политички несогласувања. Фудбалот треба да ги соединува, а не да ги раздвојува луѓето. Најдобар пример за оваа теза се српските и албанските фудбалери во Лацио, истакна Платини.

Реакцијата на првиот човек на европскиот фудбал доаѓа по големиот број критики упатени до УЕФА затоа што дозволила Србија и Албанија да бидат во иста група.

Меѓусебниот дуел на овие две репрезентации на 14 октомври во Белград не го дочека својот крај по инцидентот со дронот кој носеше знаме на „Голема Албанија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top