| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана книгата „Филозофија на Балканскиот пекол“ од Стефан Влахов Мицов

Најновото дело на проф. д-р. Стефан Влахов Мицов, насловено „Филозофија на Балканскиот пекол”, беше претставено денеска во Паркот на книгата пред книжарницата „Матица ексклузив“.

10469891_695256343892197_8428279513925149458_n

За делото на Стефан Влахов Мицов говореше д-р Тодор Чепреганов, кој низ извадоци од делото ја објасни проникливоста на авторот и неговиот систематски пристап кон темата – аспекти кои ја прават „Филозофија на Балканскиот пекол” интересна и читлива за секој граѓанин на Република Македонија.

10644492_695256873892144_3357206078831198573_n

Амбасадорот Ристо Никовски направи интересна паралела за местото на промоцијата и рече „Навистина ме радува што во центарот на Скопје, успеавме да го „доловиме” Париз. Во ваков прекрасен амбиент, промовираме дело кое е навистина значајно за Република Македонија. Додека листовите не потсетуваат дека есента е пред нашата врата, ние ќе разговараме за дело кое е потребно да се преведе на што е можно повеќе јазици, бидејќи е потребно да биде прочитано, не само во Македонија, туку и надвор од неа”, истакна амбасадорот Ристо Никовски, еден од говорниците на промоцијата на последното дело на Проф. д-р Стефан Влахов Мицов.

1912235_695256657225499_3944444311462945011_n

Паркот на книгите, кој во голема мера наликува на литературните паркови кои ги имаат светските метрополи, пред голем број пријатели и поддржувачи беше промовирано дело, кое според говорниците, е од огромно значење за македонскиот народ и култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top