Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ги продолжува натпреварите од Лигата на шампионите во третото коло кое започнува денеска. Тимот на Ибраими Марибор по двата фантастични резултати во првите две кола и освоени два бода во нерешените исходи против Спортинг и Шалке на ред е гостувањето против Челси тимот кој сеуште ја нема почувствувано горчината на поразот оваа сезона. Повредата на Ибраими која ја заработи на квалификацискиот натпревар против Луксембург веќе е минато и тој е најавен во првиот состав на Марибор за да се остави што подобар впечаток во Лондон.
Тренерот на словенечкиот шампион Анте Шимунџа се надева на поволен разултат, и гарантира безпоштедна борба во текот на целиот натпревар.
– Челси е голем фаворит вечерва. Имаат одлични поединци и играат фантастичен фудбал. Имаат повеќе позитивни од негативни страни. Наше е да пробаме да ги изненадиме и да освоиме барем еден бод кој ни една словенечка екипа не го освоила до сега во Англија.
Дербито на третото коло се игра во Рим каде се среќаваат домашната екипа Рома против европксиот шампионод 2013 година Баерн Минхен. И двата тима играат офанзивен фудбал и се очекува да покажат вистинска фудбалска престава на „Олимпико“. И девете е екипи се без пораз, а доколку едната победи ќе биде многу блиску до место кое води во слендата рунда.
Во истата група Е Манчестер Сити гостува во Москава против ЦСКА. По само еден освоен бод од првите две кола, императивот победа е голем кај гостите од Манчестер.
Во останатите средби се среќаваат: Апоел Никозија – ПСЖ, Барселона – Ајакс, БАТЕ Борисов – Шахтар, Порто – Атлетик Билбао, Шалке – Спортинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


