| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит има најмалку девет тетоважи

Бред Пит

Бред Пит

Во последно време фокусот на вниманието на папараците паѓа врз тетоважите на Пит. Тој има најмалку девет тетоважи, меѓу нив е и датумот на свадбата со Анџелина Џоли – 23 август. На стомакот, пак, има нацртано  херој од ледената доба, како и роденденот на Енџи. На десната рака се култните стихови од Џалал Пекол-Дин Руми: „Постои градина надвор од доброто и злото. Ќе те чекам“, споделува Бред.

Бред Пит

Бред Пит

За неговата љубов кон природата: „Секогаш ќе се чувствувам најубаво на отворено. Израснав во Мисури, во место, кое како да е излезено од роман на Марк Твен – меѓу шуми, реки, езера и пештери. Сето ова оставило неизбришлива трага врз мене. Јас се однесувам со многу почит кон природата. На раката имам тетоважа – 94,9 метри, што всушност е висината на најголемата секвоја во светот“.

Неговото најголемо  хоби од мал се мотоциклите: „За прв пат се качив на мотоцикл на седумгодишна возраст. Мојот прв мотоцикл беше „кави 150 ендуро“. Го освоив на 12-годишна возраст на училишен конкурс, но го искршив четири недели подоцна.  За својот живот пред камерата Пит споделува: „Камерата ја украде  мојата душа толку одамна што не ми се мисли …“.

Една од дефинициите за слободата е способноста на човекот  да ги следи работите што му носат благосостојба, но без некој да го следи, снима или проверува. За изборот на улогите: „Јас избирам улоги што ме збогатуваат на некаков начин. Веќе сум во толку среќна етапа од кариерата, што можам да се занимавам со потешки проекти, без да размислувам за профитот од нив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top