| четврток, 6 декември 2018 |

Тетоважа на која сите се смеат, а нејзиното значење никогаш не би го погодиле

Тетоважите со кинески знаци се едни од најчестите за кои многумина се решаваат, а има и луѓе на кои не им е важно значењето, туку само изгледот на знаците. Американецот од Милвоки, Коди Вилијамс си ставил тетоважа со кинески знаци, само за да се пошегува со сите кои не ги знаат значењата на своите.

Пораката која тој ја има на својата рака е – Не знам, на зборувам кинески.

– Ми се допаѓа како излгедаат кинеските знаци, но мразам кога луѓето тетовираат симболи од типот – љубов, надеж, храброст… Знаев дека сите ќе ме прашуваат што значи, па на мојата рака го ставив одговорот. Секому на кој што му кажав, слатко се насмеа, изјавил Вилијамс тој и открил дека ја направил пред 3 години и не зажалил за неговиот избор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top