| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката

Анџелина Џоли и Бред Пит кон крајот на 2016 година признаа дека ставиле точка на бракот и дека ги очекува развод. Сепак тој процес се уште не финализиран, бидејќи голема препрека во самата реализација, правела токму актерката.

Главен проблем претставувало старателството над децата, бидејќи Анџелина не сакала Бред да ги гледа нивните наследници. Но скоро во последен момент дошло до промена која шокираше многумина упатени во нејзиниот живот.

-Бред и Анџелина спогодбено договорија и други услови на разводот. Се ќе биде решено за неколку недели. Тоа е голем пресврт, со оглед на тоа дека актерката досега беше поприлично остра во правната битка и не сакаше Бред да учествува во растење на децата-рекол извор близок до парот.

-Клучна работа е да се слагаат со делење на старателството. Се шушкаше дека разводот ќе се поништи, но тоа не е ни близу до вистината- рекол извор близок на некогашниот пар и признал дека Анџелина сите ги изненадила, бидејќи повеќе од една година зборувала дека нема можност да попушти во оваа одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top