| четврток, 6 декември 2018 |

Белгијците принудени да работат по две работи истовремено

multitasking

Од 4,5 милиони вработени Белгијци, 233.044 се принудени, освен на местото каде што се редовно вработени, да работат уште една дополнителна работа.

Белгиските медиуми, повикувајќи се на податоците од Заводот за статистика „Инасти“, пренесуваат дека бројот на Белгијците што работат на црно е далеку повисок од официјалните податоци и тој број од година во година расте.

Меѓу работниците што работат на две работни места најмногубројни се мажите, а на второ место се самците од 25 до 29 години.

Кога станува збор за професиите, најмногубројни се здравствените и социјалните работници кои работат две работи истовремено, а на второ место се наставниците.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top